Во два одделни случаи Македонец и Србин се обиделе да извршат криумчарење на 26 мигранти од Сирија, Авганистан, Пакистан и Шри Ланка. Според денешниот полициски билтен првиот обид бил направен вчера во близина н Гевгелија, а вториот утрово на граничниот премин Богородица.
Во првиот, на 02.12.2017 година во 12,00 часот од страна на мешовит патролен тим од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија-Скопје кај место викано „Паркинг Милетково“ било забележано патничко моторно возило „Рено Еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запре возилото, истиот ја зголемил брзината и се упатил по локалниот пат кон село Миравци, каде по неколку стотини метри го запрел возилото и се дал во бегство. Од страна на полициски службеници, лицето е приведено, при што е констатирано дека се работи за С.М.(35) од с.Бузалково, велешко. При контролата на возилото во истото се пронајдени дванаесет лица-мигранти, и тоа по пет лица од Авганистан и Пакистан и две од Шри Ланка. По инструкции од Јавен обвините, две од лицата ќе се спроведат до Транзитен Центар - Скопје, а останатите ќе бидат однесени во Прифатен центар за странци - Гевгелија. Возачот е предаден во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Во вториот на 03.12.2017 година во 03,30 часот нa Граничен премин Богородица за влез во Република Македонија во товарно моторно возило ,,Волво‘‘ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Т.(63) од Србија, со место на живеење во Скопје, откриени се 14 илегални мигранти, сите од Сирија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.