Под мотото ,,Одисеја 2012,, во Струмица беше отворено осмото издание на интернационалниот филмски фестивал на краток филм ,,Астерфест,,.Веке традиционално во рамките на свеченото отварање на фестивалот беше доделено и специјалното признание,, Астер,, кое годинава замина кај македонскиот режисер Владимир Блажевски и српскиот актер Славко Штимац.
,,Многу сум задоволен. Нормално секоја награда секогаш е задоволство,ама некако посебно ми е драго во Македонија кога ке добијам награда или некое друго признание бидејки како да чувствувам дека тоа малку ретко ми се случувало порано. Малку како запоставен се чувствувам во својата средина и затоа посебно ми е чест и баш мило што така им текна годинава наградата да ми биде дадена токму мене,,. рече Владимир Блажевски - добитник на наградата Астер
,,Секогаш е голема чест кога лугето кои на некој начин се од вашата професија ке одлучат да ви оддадат едно такво признание.Сето ова за мене има специјално значење бидејки јас секогаш се доживував како југословенски актер ,а на Југославија некогаш и припагаше и овој простор.И до ден денес јас сум од таа генерација која израсна и беше формирана во Југославија и затоа ми е уште помило што го добив ова признание тука во Македонија.,, рече Славко Штимац добитник на наградата Астер
За првиот човек на фестивалот Горан Тренчовски ,, Астерфест,, преминува во фестивал кој што ги обединува сите автори не само од Европа туку и од сите други континенти.
,,Тие се собираат на едно место,во Струмица,во епицентарот на духовната култура на Југоисточна Македонија да се дружат , да чествуваат во знакот на филмот,да ги гледаат кратките и документарни филски содржини и да помагаат во она што се нарекува филмски развој,поддршка на младите филсмки автори. Сметам дека Астерфест го залужи местото што го има.Тој е еден од предвесниците на она што се нарекува нова тенденција во филмот и кинематографијата и мислам дека од тој аспект имаме еден полн погодок и во програмска содржина и во концепција на организирање на настаните,па и во поглед на филмските гости кои што ова година ги имаме во најголем број.,,рече Горан Тренчовски - директор на фестивалот.
За време на петте фестивалски дена на Астерфест ке бидат прикажани над 50 филмски наслови од автори од триесетина европски земји и од САД.фестивалот завршува на 29 мај кога ке бидат доделени традиционалните награди златна,сребрена и бронзена потковица и стар златен проектор за кои ке одлучува мегународно жири.