AMD Strela

 

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“

Струмичани „гуворат„ чуден јазик: „Дај еден куросан за доо Трајанка“
Објавено на: 17 Sep 2014

Пари турувате ли у телефон?“; „Дај две кутии цигари без заби. Дај друга кутија. Таа ке га гледам ми се дига; Домашен телефон има ли?“; „Кој весник има повеќе информации?“; „Смоките од Стоби ли се?“; „Пресно ли е секундарното лепило?“; „Крстозбрки со букви шо се решават!?“.

Овие бисери од секојдневното „гуворене“ на струмичани кога нешто купуваат или бараат од трафика ги има забележано струмичанецот Љупчо Станковски, кога имаше трафика. Има собрано повеќе стотина, кои за луѓе надвор од Струмица се неразбирливи без превод.

-Една од моите трафики беше лоцирана во близина на главната комби станица, во близина на соборниот храм во изградба. Оттука доаѓаат и заминуваат од градот граѓаните од голем број села. Тие самите по себе зборуваат малку понеразбирливо од нас, струмичани, но јас навикнав нивните потреби да ги разбирам и да ги услужувам. Со забележување на нивните бисери и двосмислени зборови почнав случајно. Ми се виде интересно и почнав да ги запишувам. Од многуте најомилен и најинтересен ми е еден кога едно момче од село побара да купи кроасан:„Дај еден куросан за доо Трајанка“.

Станковски додава дека се смешни и чудни кога муштериите барале весници или списанија.

-Веснико пресен ли е?; Таа програмата у кој весник га има со поедри букви?; Весници има ли?-Какви?-Свет, било какви... Од тие ефтините крстословки има ли?; Кој весник има повеќе информации?; Тај весник чита ли се?;Имате ли храна и вино излезено?

g


За крај, еве уште неколку специјалитите од тефтерот на Станковски:

-Селотејпки за нос имате ли?

-Сокче од 10? Не ли го набодуваш?

-Шефе, двеста на тва дрнкалото да ми ставиш.

Акумулаторски батерии има ли? Какви?Јаки, алкални. Ќе ги ставам на штопо на којно да свете!

-Дај ми шпирто.

-Кибрит ли кажа?

-Па, може и кибрит.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK