AMD Strela

 

Македонскиот филм Бардо со две награди на Астер фест

Македонскиот филм Бардо со две награди на Астер фест
Објавено на: 28 May 2012

Вечерва на Меѓународниот фестивал на краток филм Астер Фест беа доделени наградите на најдобрите филмови и автори. Во конкуренција на жанровски и тематски разновидни остварувања, жирито во состав Владими Блажевски, Срѓа Пенезиќ и Александар Штиглиќ гран при или златна потковица му ја додели на филмот ,,Откачување,, во режија на Финлај Претсел и Адријан Мекдауел од Велика Британија. Сребрената потковица ја освои филмот ,,Оние другите,, од Холандија, бронзената му припадна на филмот ,,Клаес,, од Шведска. Наградата Старозлатен проектор ја доби филмот ,,Приказната на Леонид,, во германско-украинско копродукција.

apcevska

Најдобар анимиран филм на Осмиот Астер Фест е ,,Изгубениот град,, на Камил Полак од Полска. Жирито, пак, за најдобар македонски филм го прогласи ,,Бардо,, во режија на Марија Апчевска. Овој филм ја доби и наградата Ацо Алексов за најдобар македонски автор. За режисерката ,,Бардо,, наградата е признание за целата екипа.

-Добро е да се добие награда на домашен терен, бидејќи сме научени на праксата да добиваме повеќе награди надвор. Ова е едно супер признание, посебно за нас, повеќето од екипата се млади автори. Секако, секое признание за млад автор е добро како поттик за натамошна работа, рече режисерката Марија Апчевска.

holandija

За директорот на фестивалот годинашново издание се разликува од претходните поради тоа што понуди нови содржини.

-Имавме исклучително интересно издание, богато со нови содржини. Ние и понатаму продолжуваме со освојување на нови кинематички пространства. Задоволен сум и од фактот што имавме многубројна публика сите овие денови, чествувавме во знакот на филмот заедно со лауреатите, заедно со филмските автори кои допатуваа од разни меридијани на Европа и светот, рече директор Горан Тренчовски.

trencovski

Во програмата Мувиленд-кратки филмови од Русија, жирото наградата му ја додели на филмот ,,Ќе го заборавам овој ден,,. Новостановената награда за најдобро сценарио, Ѓорѓи Абаџиев ја доби филмот ,,Пијано,, во француско-ерменско копродукција.

Фестивалот завршува вечерва со проекција на наградените филмови.

nagradeni

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK