AMD Strela

 

Одлични и вкусни торти приготвени од лицата со инвалидитет

Одлични и вкусни торти приготвени од лицата со инвалидитет
Објавено на: 25 Nov 2012

Во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет,, Мобилност,, од Струмица во Бања Банско се одржа традиционалната тортијада. Манифестацијата годинава го имаше своето јубилејно петнаесето издание, а на истата учество зедоа околу триесетина учесници од 13 здруженија од Македонија кои подготвија исто толку торти, различни по вкус и форма, но со една заедничка порака дека и тие знаат и можат како и сите други во општеството.

tortijada

Паралелно со јубилејната петнаесета тортијада, во Бања Банско беше одржано и осумнаесетото издание на музичките средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. И на овој натпревар традиционално учество зедоа голем број учесници од повеќе здрженија од земјата, членки на националниот сојуз кој брои околу 6000 лица со различен телесен инавалидитет. Годинава освен од Македонија на двете манифестации учествуваа и гости од соседните Србија и Бугарија.

tortijada

Веќе традиционално, на манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, кој на сите присутни им посака добредојде од името на градот и општината домакин, притоа зблагодарувајки им се на сите што и понатаму остануваат верни на традицијата овие манифестации да се одржуваат токму во Бања Банско.

tortijada

Според него тоа претставува израз на чест од страна на националниот сојуз кон Струмица. Посакувајки им многу здравје, среќа и успеси на сите полиња на сите членови на здруженијата од цела Македонија тој изрази надеж дека Струмица и во иднина ќе ја има можмоста но и честа да биде домакин, но и помагател на ваквите манифестации.

tortijada

Еве дел од тортите приготвени од лицата со телесен инвалидитет од Македонија

торта

torta

torta

torta

torta

torta

torta

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK