Во петок, сабота и недела се регистрирани три пожари на отворено во атарите на селата-Баница и Водоча, информираат од ТППЕ-Струмица.
На 28 јуни година во атарот на село Водоча, ТППЕ Струмица со две ПП возила и седум пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева, грмушки, дрвја и пластеници на површина од околу 1 хектар. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран околу 14.30 часот.
На 27 јуни во 19.27 часот во атарот на село Баница, ТППЕ Струмица со две ПП возила и пет пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева и грмушки на површина од околу 1 хектар. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран околу 21.30 часот.
На 26 јуни во 14.45 часот во атарот на село Водоча, ТППЕ Струмица со три ПП возила и шест пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева, грмушки и лозови насади на површина од околу 1 хектар. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.
Пожарникарите апелираат до населението да се воздржи од палење плевел и други растителни отпадоци, како и земјоделски отпад на земјоделско земјиште поради порастот на температурите во наредниов период.