Интегрален текст од прес конференцијата на Костадин Костадинов, кандидат за пратеник од СДСМ
За две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните. Направивме многу, но МОЖЕМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ, МОЖЕМЕ УШТЕ ПОДОБРО.
Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме. Денес имаме решенија за сите граѓани, решенија за иднината.
„Можеме“ е чесен домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок. Имаме понуда кој носи нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места.
Платите во сите сектори ќе продолжат да растат. До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата ќе ја кренеме на 34.000 денари.
Прагот за месечен поврат на ДДВ го креваме од 600 на 800 денари месечно! Стотици илјади граѓани ќе продолжат да бидат фискални инспектори. До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%.
Стабилната и развојна економија ќе обезбеди пензиите да растат заедно со платите, постојано. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.
СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди само обнова на режимот кога парите завршуваа во белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемена минимална плата.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа против покачување на пензиите.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа против проектот Мој ДДВ со кој за првпат државата враќа пари на сметките на граѓаните.