AMD Strela

 

Театарска претстава „Ни ваму ни таму“ во Гевгелија

Театарска претстава „Ни ваму ни таму“ во Гевгелија
Објавено на: 06 Dec 2012

Во Градскиот театар во Гевгелија беше изведена театарската претстава „Ни ваму ни таму“. Публиката со симпатии ја прими комедијата кој зборува за нас,Македонците . Ама поинаква. Како благ мелем на лута рана. Како нашиот, македонски живот. Публиката се смееше, ама и се подзамислуваше! Двајца Македонци, едниот иселеник а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Македонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде...Овде било вака, таму онака...Расправии - до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де сериозна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот. Автор на комедијата е Бојан Трифуновска а играа Љупчо Тодоровски-Упа, Симеон Дамовски, Никола Кумев.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK