AMD Strela

 

Формиран ЈОУ НАРОДЕН ТЕАТАР

Формиран ЈОУ НАРОДЕН ТЕАТАР
Објавено на: 08 May 2012

Советот на општина Гевгелија донесе одлука за формирање на јавна општинска установа Народен театар. Првите никулци на Народниот театар во Гевгелија започнуваат во далечната 1908 година во основното училиште, сместено во денешната црква „Свети Кирил и Методиј“, каде што се одржала првата театарска претстава во Гевгелија.Во 1922 година во Соколскиот дом во Гевгелија е формирана првата драмска секција. Во 1935 година на сцената во Соколскиот дом се изведуваат „Сомнително лице“, „Ревизор“, „Јазовец пред суд“ и други театарски претстави. Граѓаните редовно ги следеле претставите не само на театарската сцена во Гевгелија, туку и во поширокиот регион, а гевгелиските актери неколку пати гостувале и во Солун. Во 1955 година, во Гевгелија е изградена репрезентативна зграда на Народниот театар. На оваа сцена, се одвивал богат театарски живот, кој во седумдесеттите години доживува вистински процвет со КУД„Јосиф Јосифовски“. Земјотресот во 1990 година и огнената стихија што го зафати театарот во 1996 година, го оштетија објектот, но, не го згаснаа театарскиот живот во Гевгелија, кој продолжува преку аматерските театарски групи. Во 2009 година, по успешната апликација на повикот од ИПА- програмата за локална инфраструктура од Делегацијата на Европската унија, за реконструкција на театарот во Гевгелија се одобрени 483.000 евра. Во ноември 2010 година започнува реконструкцијата на обектот, а за нејзина финализација општина Гевгелија издвои дополнителни 9,2 милиони денари.Во декември 2011 година реконструираниот Народен театар е предаден во употреба. Оттука и оправданоста од оснивање на општинска јавна установа која ќе го организира функционирањето и работењето на Народниот театар во Гевгелија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK