Се е подготвено за стартот на 28 то издание на ,,Фолк фест Валандово,, 2012. Годинава фестивалот ке се одржи 1 и 2 јуни и наместо традиционалните три вечери од кои две полуфинални и една финална ке има само две од кои првата е замислена како ,,гала вечер,, со стари хитови,а втората ке биде натпреварувачка.Организаторите се надеваат дека новата концепција ке наиде на добар прием кај публиката бидејки на едно место ке има можност да слушне 26 нови композиции ,но и да се присети на старите добри времиња и валандовските хитови кои живеат до денес.
Во првата фестивалска ,,гала вечер,,која нема натпреварувачки карактер ке настапат скоро сите имиња од македонската фолк естрада кои на валандовскиот фестивал му ги имаат оставено своите најголеми хитови.Мегу нив ке бидат Вилета Митева,Перо Христов,Блага Петреска,Виолета Томовска,Војо Стојановски,Ѓоко Дончев,Ленче и Горан Кукиќ,Кате и ,,Нели ти реков,, Мишко Крстевски,дуетот Селиова желчевски,Маријана Мишева и др.
Во втората фестивалска вечер која има натпреварувачки карактер ке бидат отпеани 26 комплетно нови песни. Благица Калева И групата Модус,Елена велевска,Јордан Митев,Гонце Гогова,Анета Наковска,група Легато,Анастасија Петреска,Ирена Спасовска,Златко Миладиновски се само дел од имињата кои ова година ке се борат за стандардните награди: прва,втора и трета награда од публиката и стручното жири,за најдобра интерпретација,текст и аранжман.
Во натпреварувачкиот дел ке биде и Петар Нечовски кој оваа година слави јубилеј од 25 години континуирано учество на фестивалот во Валандово.Тој во рамките на фестивалската програма ке го промовира и неговото ЦД на кое се наогаат сите песни кои ги има отпеани на фестивалот во изминатите 25 години.