Југоисточниот регион преку песната ,,Љубовна религија,, на Јоце Панов, ќе се промовира во земјава и странство. Во хотелот ,,Сириус,, Јоце Панов со штака допатува, за да ги промовира природните убавини , археолошките локалитети, манастирите и црквите на десетте општини од овој дел на државата преточени во неговата балада ,,Љубовна религија,,.
Убавините, природните реткости , културно историското наследство, традициите и обичаите на сите 10 општини, ќе бидат адут на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за привлекување гости и туристи од земјава и странство. Видеозаписот за песната ,,Љубовна религија,, се снимаше на иницијатива токму на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како дел од туристичката програма ,,Понуда 365 дена во Југоистокот,,
Промоцијата на видеозаписот но и видеоматријалот за туристичките понуди на Југоисточна Македонија се случи пред градоначалниците на општините од овој дел од државата но и повеке хотелиери, туристички агенции кои би требало да ги нудат за сите оние што доаѓаат во Струмица, Радовиш, Ново село, Василево, Босилово, Валандово, Конче, Богданци, Дојран и Гевгелија.