„Овој концерт се подготвува со огромно задоволство и љубов бидејќи не води хуманоста на Тоше Проески. Преку пеење, свирење, глума и танц ќе ја искажеме својата почит кон великанот и ќе одиграме неколку сегменти од неговиот живот", велат организаторите.
Струмичката гимназија и Младинскиот совет од Струмица веќе трета година организираат хуманитарен концерт во јануари со различни празнични тематики. Учество на концертот ќе земат над 70 ученици од хорот, оркестарот, драмската секција и балетските групи од училиштето „Јане Сандански". Влезницата е симболична, со подарок под елката која ќе биде поставена пред големата сала, а средствата ќе бидат наменети за загрозени семејства на кои им е неопходно внимание и љубов во периодот на празниците.