Како и секоја година така и оваа во спортската сала Филип II Македонски во Валандово “КУД Гоце Делчев“ Валандово одржи новогодишен концерт. Трибините на спортската сала беа претесни да ги собере сите заинтересирани кои сакаа да бидат присутни и да ја видат новогодишната кореографија на овој концерт. На концертот настапија фолклорни групи од сите генерации кои работат во рамките на КУД Гоце Делчев Валандово придружувани од оркестар. Новогодишниот концерт беше сублимација на целокупната работа на КУД Гоце Делчев Валандово за изминатата 2012 година кој претставува културен амбасадор на општина Валандово како на домашна сцена така и на меѓународна.