Во фоајето на Народниот театар во Гевгелија,еколошката и ликовната секција на Средното училиште „Јосиф Јосифовски“ организираа несекојдневна изложба. Учениците од ова училиште пред граѓаните на Гевгелија се претставија со предмети со новогодишни мотиви изработени од реупотребен и рециклиран отпад од хартија,пластика и стакло. Се работи за продолжување на една поширока еколошка акција која учениците од ова училиште ја почнаа пред извесно време со која имаат цел да ја разбудат еколошката свест кај граѓаните. Ментор на изложбата е професорката Ани Костадинова.