Новинарот на ТВ Канал ВИС Сашко Попов ја побара за жена новинарката на ТВ Интел Тања Грошева, пред очите на сите колеги и градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Нивната врска почна на предновогодишната средба со струмичкиот градоначалник во 2010 година за да две години подоцна на ова традиционална средба на новинарите со Заев во хотелот ,,Сириус,, Саше ја побара раката на Тања.
“На денешен ден пред две години, исто така на предновогодишната новинарска средба со градоначалникот, јас и Тања ја започнавме нашата врска. Сакам вечерва и официјално Тања да ја побарам за жена“ – рече срамежливо Саше, кој клекна пред својата сакана Тања нудејки и свршенички прстен. Тања која е од Валандово без многу размислување ја прифати понудата
Првите честитки дојдоа од градоначалникот на Струмица Зоран Заев кој на младенците им подари апартман во хотелот со комплет услуги од Спа центарот додека колегите ги благословуваа со многу деца.