Во среда на вториот ден од новата 2013 година во Старо Коњарево ќе биде организиран голем хуманитарен концерт. Концертот кој се организира за прв пат, но со тенденција да прерасне во традиционален се подготвува на иницијатива на поранешни музичари од општина Ново Село кои подолго време се наоѓаат на привремена работа во странство. На концертот ќе настапат повеќе познати музички имиња од Македонија, Србија и Бугарија. Средствата кои ќе бидат собрани од донациите на иселениците, но и од влезниците ќе бидат донирани за изградба на системот за парно греење во училиштето во Старо Коњарево како и за социјално зарозените семејства од истото населено место. Почетокот на концертот е закажан за во 19 часот.