AMD Strela

 

Со песни од Тоше, гимназијалците од Струмица одржаа хуманитарен концерт

Со песни од Тоше, гимназијалците од Струмица одржаа хуманитарен концерт
Објавено на: 05 Jan 2013

Средношколците од СОУ,, Јане Сандански,, од Струмица го реализираа големиот  хуманитарен новогодишно-божиќен мјузикл-концерт, насловен како „Музика и хуманост и граници“ со песни од македонската музичка легенда Тоше Проески. Големата сала на Домот на културата ,,Антон Панов,, беше претесна за сите кои сакаа да бидат дел од овој мјузикл, поради што гимназијалците направија  уште еден дополнителен концерт. Живото и делото на Тоше Проески беше ,,отсликан,, преку  свирење, глума и танц но и преку интерпретација на неговите најголеми хитови. Цели 80 минути траеше овој мјузикл во кој уживаа посетителите, кои пак на влезот во Домот на културата под новогодишната елка донира подароци но и средства кои гимназијалците заедно со Младинскиот совет ќе ги донираат на социјално загрозени семејства

хорот

,,Ја реализираа долгопосакуваната идеја за чествување на музиката и делото на најголемиот хуманист Тоше Проески. Преку пеење, свирење, глума и танц ја искажавме својата почит кон великанот а верувам дека ги потикнавме струмичани и да бидат хуманисти како нашиот Тоше за овие празнични денови,, коментираа организаторите. Инаку овој е четврти хуманитарен новогодишно-божиќен концерт на струмичките гимназијалци кој традиционално го организира со Младинскиот совет на Струмица

koncert

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK