Победничката песна на штотуку завршениот прилепски фестивал ке добие видео спот. Сузана Гавазова одлучи нејзината прва соработка со внуката Зорица, песната насловена ,,Кај што љубовта те води,, која ја доби првата награда на ,,Прилеп фест,,2012 да добие и видео приказна.Подготовките веќе се започнати а доколку се оди по планот првите кадри треба да бидат снимени во текот на идната недела.Каква ке биде приказната Сузана засега несака да открие,но како што изјави за Југоинфо и во овој случај исто како и за темата на песната најголемиот дел од идејата се нејзини и верува дека повторно ке го погоди вкусот на публиката.
Единственото нешто што го откри е тоа што после подолга пауза ке снима на локации во регионот на Струмица,а покрај неа и Зорица најверојатно во спотот ке се појават и двајца танчери,за останатото ке треба да ја почекаме промоцијата.