Традиционално по четврти пат за најголемиот христијански празник Божиќ во организација на општина Валандово на градскиот плоштад во Валандово беше организиран голем “Божиќен огномет“.И покрај ладното време плоштадот беше преполн со граѓани кои сакаа да присуствуваат на манифестацијата. Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиновски, кој на сите граѓани на општина Валандово им го честита најголемиот верски православен празник Рождевото Христово “Божиќ“. За добро расположение на насобраните граѓани и за затоплување на атмосферата се погрижија Браво Бенд и Миле Кузмановски, а на поставените штандови имаше и топла ракија, чај и вино. Крајот на манифестацијата го одбележа богатиот огномет кој момжеше да се види од секое место во градот.