Голманот на лидерот во елитното ракометно друштво ,,Струмица Зомимак М,, Александар Стојаноски од Богданци се сврши со радовишанката Вецка Нојкова. Четиримесечната врска Александар и Вецка ја крунисаа за Нова година кога голманот на струмичките ,,рисови,, со прстен во цело друштво, ја побара за сопруга својата девојка за да по недела време раката ја побара и од нејзините родители. Таму од возбуда, младата двојка честитки примале и наздравувале со пиво место со шампањско
,,Примавме честитки од најблиските и кога сите ги кренаа чашите да наздравиме нашите чаши со шампањско беа далеку па наздравивме со првите пива кои беа на масата,, низ смеа ни кажа Александар кој засега со Вецка не планираат приново, бидејки во фокусот ќе му биде кариерата и повисок пласман во завршницата од ракометниот шампионат на Македонија
,, Подготвен сум да одговорам на предизвиците и како сопруг и како голман. Сопругата ќе ми биде голема мотивација и добра подршка во кариерата,, рече Стојаноски кој ги почна подготовките со матичниот клуб за пролетната полусезона. Тој во струмичкито клуб дојде лани за време на зимскиот преоден рок. Заедно со Колев се првите двајца чуварите на мрежата на струмичките ,,рисови,, кои оваа сезона планират да излезат и на европската сцена.