Бендот ,,Болеро,, првата светска труба Џамбо Агушев и Анета Арсовска подготвуваат специјален проект за нашинците во Австралија. На турнејата во Австралија тие заминуваат во април, но подготовките ги започнаа многу порано со цел за подобро, но и многу поразлично претставување пред македонците таму во однос на претходните настапи.
Гостувањето на Болеро во земјата на кенгурите ќе биде четврто по ред, а се разликува по тоа што овој пат заедно со нив наместо Сузана Гавазова и Демо Шавлев заминува првата светска труба Џамбо Агушев за кого има посебен интерес од страна нашите иселеници, како и велешанката Анета Арсовскакоја полека ама сигурно се искачува кон врвот на македонската фолк естрада. Според првичните планови и договори за време на престојот во Австралија Болеро, Анета и Џамбо треба да одржат седум концерти во неколку градови, а во меѓувреме се прават преговори за уште неколку концерти.
Како дел од промотивниот материјал веќе е направена специјална фото сесија со целата екипа за која вообичаено како што е случај и со многу други македонски фолк ѕвезди задолжен беше Томе Табанов. Тој исто така веќе го работи и дизајнот на опаковката на заедничкиот материјал кој се снима специјално за оваа гостување и кој официјално ќе биде промовиран во Австралија.
По враќањето од таму промоција ќе биде одржана и за македонската публика. Новиот материјал ќе има десетина комплетно нови песни за кои се подготвуваат и спотови, акои на публиката ќе и бидат понудени како аудио и ДВД издание. Издавањето на новиот материјал и турнеата во Австралија воедно ќе биде и заокружување на одбежувањето на дваесет годишниот јубилеј од формирањето на Болеробенд.