AMD Strela

 

Писма на Славица Гаџова во Струмицa

Писма на Славица Гаџова во Струмицa
Објавено на: 06 Feb 2013

Во галерискиот простор на Музејот на град Струмица Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство Контекст – Струмица беше промовирана поетската збирка Писма на Славица Гаџова. Ова е втора активност на Контекст – Струмица од програмата Книжевност, преку која е предвидено секој месец да има по едно презентирање и промоција на автор од македонската книжевност. Овој програмски дел ќе биде обележан со еден спој меѓу концептуалното, перформативното, откривањето и основањето и освојувањето на нови простори како места на случување на книжевниот настан.

poetesa

Промоцијата на Писма од Славица Гаџова беше комбинација меѓу “класичното” промовирање и концептуалното, што значи дека во рамките на промоцијата е предвидено и мини изложба на ракописи на Гаџова, нејзини автографи, кои таа во процесот на творење ги ставила на компјутер или хартија. Медијатор на промоцијата на Писма на Славица Гаџова беа Митко Гогов, промотор Ацо Гогов, додека интерпретација на нејзините песни, писма  интерпретираше Ангелина Тренчева Ангелова.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK