Струмичките карневалски групи “Карневалски ѕвезди и “Мулен Руж“на учествуваа на карневалот во Шоштањ, Р.Словенија, 60-ти по ред карневал со богата традиција. Пред карневалот во Вила Мајер градоначалникот на Шоштањ организираше прием за претставниците на сите групи кои беа присутни на карневалот , притоа разменувајќи пригодни подароци. На карневалот присуствуваше и новиот прeтседател на ФЕСС Словенија, Андреј Класинц и градоначалникот на Шоштањ кој се заблагодари на сите што учествуваат во карневалот и организацијата.
Струмичките карневалски групи зедоа учество и на 53-от Меѓународен карневал, Kurentovanje во Птуј Р.Словенија, кој се карактеризира со приказ на етно-културното наследство и традиционални карневалски маски од околината на Птуј. На парадата учествуваа бројни групи кои ја прикажаа нивната облека, креации, танц и кореографија, како и нивната перцепција за духот на карневал, со учество на 79 маски или повеќе од 4.000 учесници од Словенија, Хрватска, Белгија, Србија, Македонија, Грција и Германија. Покрај тоа, сите досегашни карневалски принцови на Птујскиот карневал се претставија во своите ,,благороднички“, носии, а свое учество имаа и некои етнографски групи од подрачјето на Птуј.
Исклучително атрактивни беа двете карневалски групи од Струмица, „Мулен Руж“ и „Карневалски Ѕвезди“, гости на Меѓународните карневали во Шоштањ и Птуј, Република Словенија. Тие со своите спектакуларни и интересни костуми успеаја да ја импресионираат многу илјадната публика, собрана на плоштадот во Шоштањ и Птуј. Двете македонските групи се претставија со по 3-минутни изведби насловени “Гревот на рајот“ и “Царството на кобрите“.