Публиката од Македонија по втор пат ке има можност да ужива во традиционалното источно црковно пеење. Во петок во НУЦК,,Антон Панов,, ке биде одржан вториот по ред фестивал на ,, Источно црковно пеење,,.
Организатори на фестивалот се центарот за култура ,,Антон Панов,, и Струмичка Епархија на МПЦ.Годинава на фестивалот учестуваат македонско византискиот хор ,,Хармосини,, од Скопје под диригентство на Ристо Солунчев кои ке се претстават со десетина композиции и женскиот визнтиски хор ,,Св.Теофил Струмички,,од Струмица кој под диригентство на Зоран Мазнејков кој исто така ке настапи со неколку композиции кои се дел од Богослужбеното пеење.
Почетокот на фестивалот е закажан за 20 часот а влезот за сите посетители е слободен.