AMD Strela

 

Четири премиери во струмичкиот театар

Четири премиери во струмичкиот театар
Објавено на: 23 Feb 2013

Струмичкиот театар подготвува четири премиери истовремено. ,, Каминот,, од бугарскиот автор Маргарит Минчев, ,,Не чукај блиску до срцето,, од струмичанецот Митко Бојаџиски, ,, Бледица,, текст на уште еден струмичанец Васе Манчев и монодрамата ,,Ѓошо,, од Илко Иларионов се проектите на кои во моментов се работи со полна пареа во театарот Антон Панов. Покрај комплетниот ансамбл на струмичкиот театар во еден од овие четири проекти се вклучени и гостите Борче Начев и Снежана Коневска Руси. За режијата на претставата ,,Каминот,, е задолжен актерот Васил Михаил, режисер на ,, Не чукај блиску до срцето,, е Синиша Ефтимов, за Бледица која после триесет години повторно ќе биде поставена на сцената на татарот во Струмица режсерската палка ја има Кире Георгиев, додека монодрамата Ѓошо со Бранко Бенинов ја режира Катерина Бенинова.

akteri

Прва од вкупно четрите претстави кои во моментов се подготвуваат премиерно ќе биде изведена дудрамата ,, Каминот,,. Нејзината премиера е закажана за 8 ми март. Веднаш потоа исто така во текот на март ќе следуваат и премиерите на ,,Бледица,, и монодрамата,, Ѓошо,, , а ,,Не чукај блиску до срцето,, премиерно ќе биде изведена почетокот на април.

borche

И додека актерите и режисерите интензивно работат на новите проекти , од управата на струмичкиот театар велат дека за дел од нив веќе имаат договорено неколку гостувања и учества на фестивали.

Согласно одобрената програма од министерството за култура годинава во театарот ,, Антон Панов ,, во Струмица ќе бидат подготвени уште четири проекти или вкупно осум за цела оваа година. Три од осумте проекти ги финансира ресорното министерство, а другите пет театарот ги реализира по пат на самофинансирање. Паралено додека течат подготовките на новите премиери, на редовниот репертоар театарот се играат пет претстави.

proba

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK