AMD Strela

 

Јордан Митев - Мојот живот е казино но не сум коцкар !

Јордан Митев - Мојот живот е казино но не сум коцкар !
Објавено на: 24 Feb 2013

Радовишкиот фолк пејач Јордан Митев спрема нов албум во кој ќе бидат сместени нови десетина песни  изработени од повеќе композитори. За првпат во неговата седумгодишна кариера, Митев  прави албум во кој не е комплетен автор и за разлика од претходните, новиот ќе биде во далеку поразличен стил. Потврда на тоа е неовиот сингл ,,Мојот живот е казино,, за кого деновиве во Австралија сними спот

jordan mitev

,, Почустував потреба да направам нешто комплетно ново за мене и публиката и затоа се одлучив да направам албум со други композитори,, рече Митев кој новиот албум најави дека ќе биде готов  пролетва.Тој деновиве се врати од Австралија каде го снимаше спотот за песната ,,Мојот живот е казино,,  каде ангажираше манекенки, јахти, автомобили.  Според него песната е посветена на сите кои во животот имат среќни звезди

spot

,, Приказната на спотот кој се снимаше три дена во Мелбурн е да се покаже луксузот на човек кој има своја звезда која го чува и го носи во нови победи, приказна за еден успешен човек,, потенцираше Митев кој истакна дека и неговиот  живот е казино,, но не казино за коцка бидејки не бил коцкар туку животно казино каде се добива и губи

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK