AMD Strela

 

Турците се ,,натпреварувале,, за атрактивната Велеска !

Турците се ,,натпреварувале,, за атрактивната Велеска !
Објавено на: 06 Jun 2012

Елена Велевска заминува за Турција. Последниот месец нејзиниот телефон буквално се вжештил од повици од страна турски менаџери кои биле повеке од заинтересирани атрактивната фолкерка да биде дел од неколку фестивали кои во наредниот период треба да се одржат таму. Се започнало со настапот на првиот ,,Румели фест,,на кој вообичаено Елена имаше еден од најкарактеристичните настапи својствени само за неа .Оригиналниот настап, атрактивната појава и одличната интерпретација направиле претставниците на турските фестивали да влезат во еден вид натпревар со понудите, со цел Велевска да биде дел од нивните случувања.

elena veleska

,,Да,вистина е! Веднаш по мојот настап на фестивалот ,,Румели фест,, почнаа да пристигаат понуди од турските фестивали. Неколку нивни претставници беа на фестивалот и задоволни од тоа што го виделе овде изразија желба да гостувам кај нив. Имаше повеке понуди,а телефонот неколку дена не престана од звонење. На крај ја прифатив понудата од фестивалот,,Cestepe Belediyesi kultur ve sanat festivali,,.Таму ке бидам од 7 до 11 јуни,а на главната фестивалска вечер ке се претставам со 1 и пол часовна програма со македонски песни. Програмата е веке подготвена и се надевам дека турската публика ке биде повеке од задоволна не само од мојот настап, туку и од изборот на песните кои ке ги пеам.,, рече Елена

veleska

Таа во Турција ке биде пречекана како вистинска звездасместена во луксузен апартман. Домакините се потрудиле петдневниот престој кај нив да биде исполнет до максимум,па така пред и после настапот на фестивалот ке биде организирана посета на неколку карактеристични места како што се Кушадаси, Памук Кале, Света Марија а ке има и крстарење со брод.

По вракањето од Турција Елена ке нема време за одмор бидејки додека таа ке биде таму,екипата од нејзината ЕВ продукција ке ги прави подготовките за снимањето на спотот за најновата песна од валандовскиот фестивал кој ке се снима веднаш откако таа ке пристигне во Охрид.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK