AMD Strela

 

Премиера ,,Без зборови,, во Струмица на младите

Премиера ,,Без зборови,, во Струмица на младите
Објавено на: 07 Jun 2012

Театарот СТРАНИЦА и УНЕСКО клубот, Младински културен клуб на ФОН Универзитет, со подршка од МЛАДИНСКИ СОВЕТ - СТРУМИЦА, ве покануваат да бидете дел од премиерата на претставата “Без зборови” која ќе се одржи на в сабота во 19:00 часот во Домот на АРМ, во Струмица. Претставата преставува краен резултат на проектот “Сплотување на младите преку пантомимата и премостување на јазичните бариери,, кој започна во ноември 2011 година, поддржан од антена канцеларијата на УНЕСКО во Скопје и MDG-F фондот на Шпанската влада.
Главната причина и иницијатива за реализација на овој проект е развивање на меѓуетничкиот дијалог, рушење на јазичните бариери и стереотипите помеѓу младите луѓе.
9-ти јуни е денот Д. Трема? – Да. Страшно е? – Неее!
Театарот е како денот кој поминува и веќе нема да се повтори.

prestava

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK