AMD Strela

 

Се одржа фестивалот на византиско пеење

Се одржа фестивалот на византиско пеење
Објавено на: 09 Jun 2012

Традиционалното источно пеење повторно се врака во македонските храмови. Потврда за тоа дава и се поголемиот број на црковни хорови кои го практикуваат истото. Дел од нив овој вид на Богослужбено пеење кое всушност е дишењето на храмот ,на еден поинаков начин и оваа година им го доближија на струмичани.На вториот фестивал на источно црковно,односно византиско пеење.

,,Согледувајки ја потребата на она црковно пеење ,духовното пеење во нашата македонска православна црква, а ставајки ја во контекст и на културното живеење центарот за култура ,,Антон Панов,, се одлучи да направи таков фестивал,, рече Иван Јовев – директор на НУЦК ,,Антон Панов,,

За хоровите кои учествуваа на фестивалот,истиот значи многу,пред се поголема афирмација на старото македонско црковно пеење кое на почетокот на дваесетиот век било прекинато и заменето со мокрањчевото пеење.

,,Мислам дека се созреани времињата за да кажеме дека си имаме наше црковно пеење,затоа што јас сум еден од школниците,воспитаниците на српското црковно пеење кое што не е запотценување,меѓутоа нашето си е наше.,, вели отец Димитар Крцев

Во православната традиција за разлика од традициите во другите светски религии единствениот инструмент со кој се искажува севкупното црковно музичко творештво е човечкиот глас,односно пеење и учество во Светата литургија.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK