Благица Калева заедно со групата Модус на последното издание на Фолк фест Валандово ја освои првата награда од стручното жири. Таа ја интерпретираше песната "Нема љубов, ако не е љубовта,, која ја посвети на сите, посебно на младите мегу кои и на својата керка Марија која ја следеше од публиката.
,,Марија ми е изворот силата на мојот живот. Пеев и ја гледав нејзе во публиката. Таа ми е се во животот. За неа живеам, се борам.,, кусо ни изјави Благица Калева која ретко ја гледаме на нејзините фестивалски настапи со нејзината керка Марија која ја завршува втората студиска година во ФОН
На прашањето дали може наскоро Калева да запее со нејзината керка таа кусо одговори дека ке ја почитува желбата на Марија која засега не покажува големи афинитети кон пеењето
,,Таа ми е најголемата подршка. Ние сме ем мајка и керка ем пријателки. Никогаш досега не сме се скарале, знае да ме послуша но и јас се прилагодувам на нејзиниот младешки живот,, кусо ни кажа Благица која подвлече дека летово со групата Модус се доста ангажирани