Во Гевгелија почна 11-та Меѓународна ликовна колонија ,,Аполонија,, што ја организира истоимената фондација.На колонијата учествуваат репрезентативни ликовни уметници од Србија, Бугарија, Шведска и Македонија.
Во наредните десет дена тие ќе престојуваат во мотелот ,,Вардар,, кај Гевгелија, каде што ќе творат инспирирани од поднебјето.
Оваа меѓународна ликовна колонија располага со богат и вреден уметнички фонд, а делата од годинашнава колонија ќе бидат презентирани на редовната изложба која се одржува по завршувањето на истата.