AMD Strela

 

Mаџиров, награден во Кина, неговата поезија и на кинески

Mаџиров, награден во Кина, неговата поезија и на кинески
Објавено на: 15 Jun 2012

Никола Маџиров е добитник на големата и значајна награда за светска поезија „ДЈС“ за 2011 година која се доделува во Кина. Оваа одлука е објавена на официјалната страница на „Поезија Исток-Запад“, издавач на истоимениот магазин за литература кој негува превод на светска литература на кинески јазик и обратно. Наградата на фондацијата „ДЈС“ вклучува износ од 1.000 долари и објава на книга на кинески јазик следната година. Поезијата на Никола Маџиров беше објавена на кинески јазик во списанието „Поезија Исток-Запад“ во 2011 година, а за сериозноста на оваа награда зборува и фактот што истата година во истото списание на кинески јазик беше објавена и поезија на нобеловците Вислава Шимброска и Томас Транстромер, на полскиот поет Адам Загајевски и други светски автори. Во образложението на жирито пишува: „Никола Маџиров потекнува од семејство на бегалци од Балканските војни, но тој не го користи јазикот како политичко средство - зад него стои гласот на богатиот балкански фолклор и европската и американска книжевна традиција, со длабоки внатрешни опсервации, прекрасни идеи и користење чист и интензивен јазик.“

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK