AMD Strela

 

Ѓуркова : Градиме основа за економски развој на Југоистокот

Ѓуркова : Градиме основа за економски развој на Југоистокот
Објавено на: 18 Jun 2012

Југоинфо: Постоите неполни 4 години. Го оправдавте ли постоењето на Центарот пред граѓаните од Југоисточниот плански регион

 Ѓуркова: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е осниван во 2008 година, а следната година во јануари почнавме кадровски да се екипираме и официјално стартувавме со работа. Би рекла дека за овие три ипол години колку што постои Центарот, мислам дека го оправда своето постоење со оглед на проектите што ги реализиравме  како од националните, така и од меѓународните фондови и од ИПА фондовите. Бевме формирани како втор Центар во земјава, кој кој рапидно напредуваше,  имајки ги во предвид капацитетот на тимот што работи на подготовка на издржани проекти, успешна имплеменација на истите, промовирање на регионот а пред се одличната соработката со сите 10 локални самоуправи кои се во овој регион. Важиме за еден од најдобрите Центри во Македонија,  кој успеал да имплементира многу квалитетни регионални проекти, мегутоа и секојдневно и успешно работи на промоција на регионот и сите десет општини во него.

gjurkova

 Југоинфо: Беше ли тешко со оглед дека регионалниот рамномерен развој во Македонија е нешто ново

Ѓуркова: Лично за мене претставуваше вистински предизивик, затоа што бевме мегу првите кои почна да функционират со оглед на тоа дека нашиот Центарот беше втор во земјата. Заедно со Центарот на Источниот регион  ги правевме првите чекори кон нешто ново, т.е. го трасиравме патот, што беше олеснителна околност за останатите шест Центри во земјава што се формираа подоцна. Јас лично ја имав таа среќа што веќе како поранешна вработена во локалната самоуправа имав поминато двогодишна обука за регионален развој заедно со колегите од канцелариите за локален економски развој во овој регион, студиски патувања во Германија како земја пример каде што успешно функционира регионалниот развој, а воедно бевме вклучени во изготвувањето на Законот за рамномерен регионален развој во нашата земја. Сето ова ни помогна како Центар заеднички со Советот за развој на регионот односно градоначалниците и администрацијата од десетте општини во регионот да ги поставиме правците за успешно работење и да се позиционираме високо.

 gradonacalnici

 Југоинфо: Центарот останува и зависи од градоначалницие кои  се менуваат од избори на избори. Како се справувате на тоа поле

 Ѓуркова: Тука секако ја имавме најголемата среќа. Уште на самоит почеток на работата на Центарот во 2009 година се случија локалните избори и дојде до промена на членовите на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како политичко ниво. Веднаш како Центар започнавме со поединечни средби со градоначалниците со презентација на работата и улогата на Центарот и Законот за рамномерен регионален развој и неговото значење. Најголем придонес дадоа градоначалниците кои беа реизбрани пренесувајки им ги на своите колеги  искустваата и уажувајќи им за бенефитите од имплеметацијата на регионалниот развој. Овој како и претходниот Совет се покажаа навистина успешни во својата работа, кој сите свои одлуки ги носи со концензус. Би рекла дека кога се работи за добри идеи и проектни предлози, кога се работи за подобрување на стандардите и економскиот развој, градоначалниците се секогаш спремни да ги поддржат се со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на нивните општини и регионот воопшто.saem na regioni

Југоинфо: Кои проекти ги реализиравте како Центар за развој на Југоисточниот плански регион од кои бенефити почуствуваа граганите

 Ѓуркова: Тргнувајки од фактот  дека сме формирани од страна на општините во регионот, членовите на Советот на регионот односно самите градоначалници го имаат крајниот збор во одлучувањето кои проекти треба да се реализираат, во кои наши партнери се токму десетте општини од регионот. Ние како Центар секогаш се стремиме до Советот да предложиме  квалитетни проекти со регионално, а многу често и национално значење кои ќе придонесат за подобрување на степенот на квалитет на животот и ќе го доближат регионот кон европските стандарди. Работиме во исполнување на стратешките цели на Програмата за развој на ЈИ регион. Тука би ги вброила уредувањето на најатрактивниот дел од крајбрежјето на Дојранското Езеро како единствено природно во нашиот регион, односно градската плажа, а во иста насока е уредувањето на просторот околу Смоларскиот водопад како најголем постојан водопад во земјата, а успеавме и преку проект да ги мапираме сите туристички локалитети и потенцијали во регионот, како основа за изработка на промотивни материјали, но и за подготовка на други проекти од страна на Центарот и општините. Работиме на постапката за изградба на регионална депонија, како прва во Македонија градена според Европските стандарди, каде заедно со општина Василево го реконструиравме патот до депонијата. Основањето на Центарот за сертификација во Валандово е проект кој директно влијание на економскиот развој на целиот Југоисточен регион како земјоделски крај. Тука би ја споменала и поддршката од ГИЗ РЕД преку кои беше уреден просторот околу браната Паљурци кој придонесе за дополнително промовирање на општина Богданци, секако и петте проекти за вработување на млади луѓе и жени и формирањето на ТВ мрежата во Југоисточниот и Источниот регион. Секако тука е и подготовката на технички документации кои се предуслов за понатамошна интервенција и за аплицирање на други значајни капитални проекти. Посебно сме горди што преку проект за прекугранична соработка успеавме мрежно да ги поврземе нашите општини од овој регион со шеснаесет општини од југозападна Бугарија. Тоа е основа тие пак заеднички да развиваат и аплицираат проекти од Европските фондови. Од сите тие проекти бенефит имат и општините а и граѓаните од  регионот.

gjurkova

 Југоинфо: Кои се идни проекти на што во моментов работи Центарот

 Ѓуркова: Центарот пред се работи во функција на реализација на Програмата за развој на нашиот регион и во остварување на нашата визија. Дел од стратешки области во неа се подобрување на инфраструктурата, заштита на животната средија и енергетската ефикасност, поддршка на МСП и промоција на регионот за инвестирање, туризмот и друго. Во тој контекст Центарот во момент изработува стратегија за мали и средни претпријатија и секако со Советот  работи на завршување на постапката за изградба на регионалната депонија. Овој месец ќе биде потпишан и договорот за имплементација на проектот добиен од програмата за прекугранична соработка  „Енергетска ефикасност за подобра иднина“ во кој наши партнери се општина Струмица и Асоцијацијата на ЈЗ општини и општината Петрич од Бугарија, каде што е предвидено поставување на фотоволтаични панели на ООУ Сандо Масев и едукација на децата од регионот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност.Она што го очекуваме во иднина преку Министерството за локална самоуправа да го асфалтираме патот Моноспитово – Банско кој поврзува две општини. Секако во таа насока е и аплицирањето на Вториот повик со соседна Грција со шест проекти кои се во насока на подобрување на инфраструктурата како изработка на студија за подобрување на патната инфраструктура во ЈИ регион и изработка на проектна документација за нови патни правци. Тука е и проектот за изработка на студија за пристапна инфраструктура до сите индустриски зони во овој регион со хоризонтална и вертикална сигнализација, промоција на индустриските зони и можностите за инвестирање во нив.  Доага третиот повик за прекугранична соработка со Бугарија, за кој со нашите партнери имаме идеи и веќе работиме на нив, а ќе бидат насочени за искористување на можностите на обновливите извори на енергија во Југоисточниот плански регион. Сите наши проекти се во насока на исполнување на визијата, а тоа е Југоисточниот регион да биде посакуван регион за живеење, инвестирање и носител на сопствениот економски развој.

 saem

Југоинфо: Имат ли капацитет општините од југоисточниот плански регион да ,, влечат,, пари од разни фондови и да реализираат проекти

 Ѓуркова: Со сигурност можам да го потврдам тоа. Во последните неколку години во нашата земја беа присутни повеке странски организации кои ги обучуваа општинските административци за изработка на квалитетни и издржани проекти и имплементација на истите, пред се луѓето кои работат во одделенијата за локален економски развој. Имаме доста способни општини кои освен имплементираат проекти од националните фондови, но и од меѓународни а секако и од ИПА фондовите. Сепак помалите понекогаш имат проблем но не поради неквалитет на кадрите туку поради малиот број на вработени и недостатокот на човечки ресурси, но секогаш сме ние тука како Центар за развој на Југоисточниот плански регион за поддршка и помош во делот на документацијата, подготовка на проектни предлози, можностите за аплицирање, изнаогање фондови ...

 centar

Југоинфо: Неодамна во Радовиш имаше саем на региони од Југоисточна европа. Каде сме ние со регионалниот развој, каде е Центарот за Југоисточниот плански регион

 Ѓуркова: Сепак ние сме во почетните фази бидејки ова е нов закон. Кога се изготвуваше Законот за регионален рамномерен развој на него гледавме оптимистички  бидејки се планираше 1 процент од БДП да се влеваат во регионите што во бројки значи околу 60 милиони евра на годишно ниво, но за жал тоа не се случи. Сепак првата година од Програмата за регионален развој според коефициентот на развиеност како регион добивме на една задоволителна сума од 15 милиони денари, но од година во година имаме нерамномерна динамика односно намалување на тие средства, а од друга страна капацитетот на Центарот се зголемува. Се надевам дека од страна на власта ќе се направат заложби за континуирано зголемување на тие средства во иднина со оглед на тоа што се покажа дека со нив решаваме круцијални прашања и многу горливи проблеми на регионите. Од тие причини како Центар постојано бараме нови извори на финансирање. Фокусирани сме на искористување на ИПА фондовите и други меѓународни фондови се со цел да реализираме повеќе проекти, кои ќе придонесат кон намалување на диспаритетите во регионот и во однос на другиоте региони, а секако и кон успешна имплементација на Законот за рамномерен регионален развој.

pm net

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK