Цеца, Северина или Здравко Чолиќ ке го затворат тридневниот културно музички забавен фестивал ,,Струмица Опен 2012,, што ќе се одржи на 16,17 и 18 август годинава на струмичкиот плоштад. Со сите три балкански звезди се преговара да бидат дел одо овој фестивал кој за првпат кесе организира.
Според програмата на 16 август концерт ќе има групата Прљаво казалиште,на 17 Харис Џиновиќ а по откажувањето на Аца Лукас организаторот, здружението,,Забавен културен живот,, преговара со Цеца Ражњатовиќ, Северина и Здравко Чолиќ кои би можеле да запеат на 18 ти август на струмичкиот плоштад. Ова го изјави градоначалникот на Струмица Зоран Заев на 57 та седница на Советот на општина Струмица кој донесе одлука да се организира овој настан и ќе го поддржи со околу 40.000 евра, додека останатите средства ке се обезбедат од здружението преку спонзорства.
Организаторот на фестивалот паралелно најавува и театарски претстави ,ликовни изложби, вечерни поезии, трка на келнери,бармени и итн.