AMD Strela

 

Поезијата на Маџиров и на албански јазик

Поезијата на Маџиров и на албански јазик
Објавено на: 05 Mar 2013

Никола Маџиров е селектиран за прв автор-гостин на првата албанска книжевна програма за резиденцијален престој на европски автори насловена како „Тирана помеѓу“. Негова поезија на албански веќе се појави во списанијата „Поетека“ и „Газета Шкиптаре“, а албанската издавачка куќа „Поетека“ ја објави неговата книга „Преместен камен“ во албански превод на Милена Селими, а со поддршка на фондацијата „Традуки“. Никола Маџиров ќе престојува во Тирана еден месец и во текот на неговиот престој ќе се случат неколку поетски читања и средби со читателите, како дел од промоцијата на „Преместен камен“ на албански јазик. Поезијата на Никола Маџиров е веќе преведена на триесет и пет јазици и е објавена во над четириесет земји.

premesten kamen

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK