Денешниов свечен чин секој од нас ќе го памети до крајот на својот живот. Но, не само ние студентите, сега дипломирани правници, детективи и економсти, туку и нашите професори, асистенти, менаџментот и секако сопственикот на нашиот ФОН. Првата генерација дипломирани студенти на одделени-ето на ФОН во Струмица ја имаат честа да се пофалат дека тука, во нивната родна Струмица, се стекнале со високо образование. Тие секогаш ќе бидат прва генерација на одделението на ФОН во Струмица и ќе останат запишани во аналите на постоењето и работењето на универзитетот. Првите засега се најдобри, но тоа не значи дека генерациите по нас нема да не надминат. Би било неприродно да не биде така.
И сега, во моментот, кога ги достигнуваме академските височини, кога во раце ги имаме дипломите, треба навистина да си кажеме самите себе си, но и на професорите: тука не застануваме, продолжуваме понатаму, ви бараме уште повеќе знаење.
Дипломите кои денеска ќе ги добиеме се само прв чекор во навлегувањето и совладувањето на нашите професии, но и еден голем чекор за натамошно квалитетно навлегување во образованието и науката.
Во чест на тие повиски цели уште еднаш ви ја упатувам мојата длабока благодарност, почитувани професори. Заедно растевме и го градевме одделението во Струмица, но убеден сум дека и заедно ќе продолжиме во иднина.
Ви благодарам