Викендов во просториите на општина Валандово се одржа седница на Советот на Фолк-Фест Валандово на која беше разговарано околу подготовките за реализацијата на Фолк-Фест Валандово 2013. Советот предводен од претседателот проф. Јове Кекеновски заедно со членовите си ги зададоа првите работни задачи се со цел успешна реализација како и предвремено надминување на сите пречки и проблеми на овогодинешното издание на првиот и најстар фестивал во нашата земја на новосоздадена македонска песна чии почетоци датираат уште од далечната 1985 година. И оваа година главен покровител на Фолк-Фест Валандово е Градоначалникот на општина Валандово.