Во Уметничката галерија на Културниот центар во Груец, Полска беше отворена самостојна изложба на младата талентирана сликарка од Македонија Љупка Галонска Василев од Струмица. Изложбата на која македонската сликарка се претстави со триесетина слики во комбинирана техника ја отворија македонскиот конзул во Полска -Џаваир Џемаили и градоначалникот на Груец Јацех Столарски.
Љупка Галонски Василев се вбројува во редот на помладите македонски сликари. Дипломирала на националната галерија за уметност во Софија, а до сега незините дела беа претставени во Македонија, Грција и Кипар.