После педесет години театарот во Струмица повторно се подготвува куклена претстава. Актерите на струмичкиот театар преку специјално изработените марионети ке ја оживеат приказната за Јованче и Mарика.Станува збор за претстава која ке биде нешто ново не само за струмичката публика,туку и воопшто во Македонија бидејки таквиот тип на претстави со марионети кои ги водат актерите кај нас се многу ретки.
Сценографијата и костимографијата за претставата ги изработи Надја Василева Ковачевска,музиката ја компонираше Станимир Иванов а претставата ја режира Дарко Ковачевски кој освен овој проект до крајот на годината односно некаде во месец отктомври во струмичиот театар треба да ја подготви и претставата ,,Волшебникот од Оз,,.
За четворицата актери кои се дел од претставата и работат со куклите, влегувањето во еден таков проект било посебно задоволство,но и обврска бидејки и самите тие за прв се соочуваат со нешто што е ново и многу поразлично од сите досега одиграни улоги.
Освен пред најмладата публика во Струмица претставата Јованче и Марика ке биде одиграна и во другите театарски центри во државата,а истата иако сеуште во подготовка веке добива покани и за учество на повеке реномирани европски фестивали.