AMD Strela

 

Гевгелискиот хор „Гортинија“ настапува во Солун

Гевгелискиот хор „Гортинија“ настапува во Солун
Објавено на: 12 Apr 2013

По покана на хорот КОРАИС од Солун, соседна Грција, хорот ГОРТИНИЈА од Гевгелија учествува на Интернационалниот фестивал на хорска музика во Солун. Фестивалот се одржува во свечената сала на Универзитетот „Артистотел“, а хорот „Гортинија“ ќе се претстави со неколку композиции, меѓу кои „Македонско оро“ од Тодор Скаловски, со која ги освои симпатиите и подршката на многу европски и светски фестивали, потоа, со хорска обработка на грчката народна песна „Таласаки Му“, како и со избор композиции од мјузикли: „Боемска Рапсодија„ - Queen, You Raise Me Up – Rolf Lovland и Aquarius/Let The Sunshin од мјузиклот „HEAR“.

gevgelija

Нашите хористи ќе бидат придружувани од инструменталистите: Антонио Какров - гитара, Момчило Делев - тапани, Горан Стојанов – бас гитара, како и специјалниот гостин, нашиот светски познат пијанист Глигор Гелебешев - пијано. Се очекува на овој значаен настан во солун да присуствува градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов и Конзулот на Македонија во Грција Томислав Димитровски.


Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK