Со бурни аплаузи беше проследен настапот на гевгелискиот хор „Гортинија“ во свечената сала на универзитетот „Аристотел“ во Солун. Гевгелиските хористи за време на својот настап на третиот меѓународен хорски фестивал ги воодушевија солунчани и другите гости кои присиствуваа на фестивалот. Имено, хорот „Гортинија“ учествуваше на овој фестивал посветен на мирот, соработката, пријателството и солидарноста меѓу луѓето по покана од грчкиот хор „Кораис“, кој е и организатор на фестивалот. Гевгелиските хористи својот настап го почнаа со композицијата „Македонско оро“ од Тодор Скаловски, која како и насите досегашни европски и светски хорски настапи и во Солун измами бурни аплаузи. Веднаш потоа ја изведоа хорската обработка на грчкта народна песна „Таласаки Му“. Во програмата на „Гортинија“ беа вклучени и избор композиции од познати мјузикли, како што се „Боемска Рапсодија„ od Queen, "You Raise Me Up" од Rolf Lovland и Aquarius/Let The Sunshin од мјузиклот „HEAR“. На сцената при настапот нашите хористи ги придружуваа понатиот пијанист Глигор Гелебешев, Антонио Какров на гитара, Момчило Делев на тапани и Горан Стојанов на бас гитара. Диригентот Илија Атанасов вели:
-Прекрасно беше чувството да се настапи на еден ваков светски хорски фестивал, како резултат на нашата добра и успешна соработка со хорот „Кораис“. Нашиот настап беше уште повеличествен и музички збогатен со настапот на познатиот и во светски рамки пијанист Глигор Гелебешев, како и другите инструменталисти кои не придружуваа, рече Делев. На фестивалот во Солун присуствуваше градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, кој не го криеше задоволството од успешниот настап на хорот „Гортинија“ и приемот кај солунската публика.
-Тоа е само уште еден доказ дека музиката не признава граници, а со ваквите и слични културни, но и други настани и проекти, во рамките на прекуграничната соработка што ја остварува општина Гевгелија со грчките погранични општини, значително се придонесува за добрососедските односи, рече Франгов.