Најновата австралиска турнеја на бендот ,,Болеро,, првата светска труба Џамбо Агушев и Анета Арсовска поминува повеќе од успешно. Тие во Австралија заминаа на почетокот од овој месец и веќе одржаа неколку концерти во Мелбурн, Сиднеј и Волонгог.
За сите нивни настапи се барала влезница повеќе, а иста е состојбата и за следните четири концерти кои допрва треба да бидат одржани повторно во Сиднеј, Волонгог, и во Перт. Информациите велат дека сите влезници веќе се распродадени .
На своите настапи Болеро, Џамбо и Анета го промовираат најновиот материјал, но не изостануваат ниту нивните стари хитови како и старите македонски песни со кои атмосферата на сите концерти ја достигнува својата кулуминација.
Дека македонците во Австралија се повеќе од задоволни и навистина уживаат во програмата која за нив Болеро и колегите неколку месеци специјално ја подготвуваа потврдуваат и неколкуте нови понуди за повторни гостувања. Друштвата , Никола Карев, Јане Сандански, и минатогодишниoт менаџер Влатко Јовевски се само дел од големиот број заинтересирани кои сакаат да ја организираат нова австралиска турнеја на Болеро.
Помеѓу настапите престојот се користи за туристички прошетки и запознавање со убавините на замјата домаќин. Нашите естрадни уметници велат дека буквално немаат пет минути слободно време бидејќи нашинците со својата македонска гостопримливост се трудат да им го исполнат секој слободен миг да ги запознаат со колу што е можно повеќе културни и природни знаменитости и да им го направат престојот што е можно пубав и попријатен.