AMD Strela

 

,,Болерци,, од Австралија во Бугарија, па во Финска !

,,Болерци,, од Австралија во Бугарија, па во Финска !
Објавено на: 04 May 2013

Групата Болеро никако да направи пауза од настапи. Само што се вратија од успешната австралиска турнеја тие повторно ги пакуваат куферите. Овој пат заминуваат за Бугарија каде ќе настапат заедно со Енис Папазов, а од таму продолжуваат во Финска.

bolero bend

Таму во истиот состав како и во соседна Бугарија од 7 до 10 мај ќе ги забавуваат нашите иселеници што живеат во Хелсинки. По настапите во Финска се враќаат во Македонија, но време за одмор ќе нема бидејки веднаш започнуваат со договорените настапи овде и свирките на смејните веселби кои започнуваат веднаш по Велигденските празници.

bolero

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK