AMD Strela

 

Под кулите на Струмица, серенади и староградски песни

Под кулите на Струмица, серенади и староградски песни
Објавено на: 11 May 2013

Фестивалот на староградски песни и серенади ,, Под кулите на Струмица,, одбележа мал јубилеј. Петта година по ред серенадата повторно се пееше низ струмичките улици. Повеќе ансамбли од земјата кои ја негуваат староградската песна, но и дел од струмичката естрада годинава зедоа учество на фестивалот кој веќе станува дел од богатата културна понуда на Струмица.

serenadi

Веќе традиционално фестивалот започна со делифе на сите учесници низ струмичките улици, а продолжи на сцената на центарот на културата Антон Панов каде во преполната сала љубителите на убавата староградска песна имаа можност околу два часа да уживаат во преубавите стихови и музика посветени на љубовта и вечниот копнеж.

pod kulite

На петтиот по ред фестивал на староградски песни и серенади учество зедоа ансамблите “Распеани Струмичани“, “Распеани Валандовчани“, “Камелија“ од Свети Николе, “Свети Ѓорги“ од Ново Село и членот на Здружението на македонско-руското пријателство “Чајка“, Константин Карев со руски песни, а како и дел осд струмичката естрада кои специјално за вестивалот подготвија сплет од повеќе стари македонски песни, но и мексикански песни кои во времето на серенадите, во шеесеттите години најмногу се пееле во Струмица .

pod kulite

Организатор на фестивалот е НУЦК ;; Антон Панов,, Струмица , а истиот беше реализиран со поддршка на министерството за култура и општина Струмица.

serenadi

serenadi

serenadi

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK