Градоначалникот на Струмица Зоран Заев денеска доби торта со мотор од вештите жени на Струмица кои учествуваа на републичкиот натпревар во Тетово. Тортата со мотор на четири тркала му ја подарија во знак на благодарност за финансиската поддршка што ја добија за да учествуваат на натпреварот на кој освоија две вредни награди, прво место – гран при на Република Македонија освои Вера Стоева, а Николина Ѓорѓиева освои прво место за вкус на главно јадење.
„Размислувавме како да му се заблагодариме на градоначалникот Заев кој финансиски не поддржа за овој натпревар, а и за многу други пред тоа и одлучивме тоа да биде торта со мотор бидејќи тој е голем љубител на мотори. Тортата ја правевме од срце во знак на почит и голема благодарност кон него“ рекоа вештите жени.
Градоначалникот Заев беше пријатно изненаден од подарокот и од идејата на вештите жени, заблагодарувајќи се им посака уште многу успеси со кои се повеќе се потврдуваат вештините на струмичките жени.