AMD Strela

 

Струмичките матуранти ја продолжија традицијата во играње Квадрил

Струмичките матуранти ја продолжија традицијата во играње Квадрил
Објавено на: 17 May 2013

Матурантите од трите средни општински училишта во Струмица денеска беа дел од најголемата матурска забава во светот „Матурска парада 2013“. На плоштадот „Гоце Делчев“ точно напладне, истовремено со своите врсници од четири градови во Македонија и од неколку европски држави танцуваа Квадрил, обидувајќи се повторно да го срушат гинисовиот рекорд. Матурантите ги поздрави и им посака во иднина со танцов чекор да го чекорат нивниот животен пат, градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.

kvadril

-Оваа прекрасна манифестација која несомнено е најголемата матурска забава на светот, на најубав можен начин премостува различни простори и различни времиња. Премостувањето различни простори се огледува во синхронизираното одигрување на еден ист танц, во исто време на различни места, во различни градови и во различни држав На наше огромно задоволство струмичките матуранти веќе неколку години се составен дел од овој извонреден младешки мозаик.

kvadril

Драги матуранти, ова е само ваш ден, ова е само ваш танц, ова е само ваша парада. Зграпчете ја можноста да уживате во ова што ви се случува и носете го овој настан во вашите спомени цел живот за да ве потсетува на времето кога испитот на зрелоста сте го одбележале на триумфален и спектакуларен начин. Бидете горди на самите себе, бидете горди штоо сте дел од разиграна Европа, бидете горди што сте струмичани и грашани на Македонија. Истовремени и сите ние, сме горди на нас. Танцувајте денес но ви посакувам и во иднина со танцов чекор да го чекорите вашиот животен пат и на тој начин лесно да ги премостувате сите предизвици кои пред вас ќе бидат исправени, рече градоначалникот Заев во поздравниот говор до матурантите.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK