Под покровителство на Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов, во просториите на Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, се одржа „11та Регионална ревија на песни, музика и игри“, а организатор на истата беше „Здружението на пензионери од општините Радовиш и Конче“ од Радовиш.
На оваа ревија со богат музички, играорен и творечки репертоар се претставија осум здруженија на пензионери од југоисточниот регион, а најдобрите две ќе учествуваат на републичката ревија во Скопје.
Настанот го поздрави и Градоначалникот на Општина Радовиш, Николов, и им посака на присутните успешно претставување и им честита на нивната ангажираност и нагорниот пат во подготовката и презентацијата на фолклорните традиции, и изрази желба примерот на пензионерите да го следат и негуваат и генерациите кои доаѓаат по нив.