AMD Strela

 

Маџиров со својата поезија во Богота - Колумбија

Маџиров со својата поезија во Богота - Колумбија
Објавено на: 21 May 2013

Никола Маџиров учествува на Меѓународниот поетски фестивал во Богота, во Колумбија, кој се одржува од 21 до 25 мај, заедно со автори од десетина земји, меѓу кои и годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Пачеко. Студентите од универзитетот во Богота ќе дебатираат за книгата на Маџиров „Изреченото нè прогонува“ која неодамна се појави на шпански јазик и за која веќе се појавија позитивни критики во шпанската книжевна јавност. Тој допатува во Богота по двонеделните промотивни читања во Мадрид, Барселона, Билбао, Ла Коруња, Гранада, Сантиаго де Компостела, Виго и Алариз, на кои поезијата на Маџиров се читаше на македонски, шпански, галициски, баскиски и каталонски јазик и по учеството на Меѓународниот поетски фестивал во Киев кој се одржа од 17 до 20 мај и на кој беше презентирана неговата поезија на украински јазик на настаните насловени како „Македонска стрелба“, а претходно објавена во најтиражниот украински магазин за култура и уметност „Шо“

madizrov

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK