AMD Strela

 

Сребрена плакета за хорот Гортинија од Гевгелија

Сребрена плакета за хорот Гортинија од Гевгелија
Објавено на: 04 Jun 2013

Гевгелискиот хор Гортинија на интернационалниот хорски натпревар во Линц, Австрија, ја освои Сребрената плакета. На овој престижен фестивал, посветен на познатиот композитор АНТОН БРУКНЕР, кој се одржа од 29 мај до 2 јуни годинава, хор Гортинија достојно ја презентираше Македонија, и во извонредно тешка конкуренција на хорови од целиот свет (Москва - Русија, Џорџија од Соединетите Американски Држави, Стокхолм - Шведска, Швајцарија, Чешка, Унгарија, Германија, Кина и други) го освои второто место. Жири комисијата составена од диригенти, композитори и музиколози од Австрија, Шведска, Италија и Латвија особено високо ја оцени изведбата на современата композиција Иже Херувими од полскиот композитор Кжиштоф Пендерецки, а се разбира особено воодушевување предизвика иведбата на „Македонско оро“ од композиторот Тодор Скаловски.

гевгелија

-„Ова беше многу неизвесен настап и многу ризичен заради големиот број нови членови во хорот, но, морам да им честитам и на новите членови, кои покажаа дека се на висина на поставениот предизвик, како и на постарите членови кои беа стрпливи во разработката на материјалот со новите членови“ – изјави задоволно, нашиот диригент Илија Атанасов.

Хорот имаше и настап во еден од најстарите и најголеми манастири во Австрија - Свет Флориан,каде работел и денес е таму погребан композиторот Антон Брукнер. Нашите хористи беа воодушевени што добија шанса своите квалитети да ги покажат на места каде се раѓала класичната музика и култура. Хорот продолжува со своите активности и се подготвува за турнеа во Србија,

каде како добитник на наградата „Мокрањац“ на минатогодишниот Интернационален хорски натпревар во Неготин, е поканет да одржи неколку концерти во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Неготин. Претходно, на 10 јуни годинава, во чест на „Спасовден“ хорот Гортинија ќе одржи солистички концерт во Народниот театар во Гевгелија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK