AMD Strela

 

Избрани најдобрите филмови на Астер фест

Избрани најдобрите филмови на Астер фест
Објавено на: 05 Jun 2013

Документарниот филм ,, Утре ќе живееме пак,, на Корина Гизен од Германија е добитник на златната поктковица, највисокото признание на интернационалниот филмски фестивал Астерфест. Сребрената потковица ја доби филмот ,,Ќе те однесам на море,, на Манца Филак од Словенија, а бронзената ,,Кралството,, на Братош Крухлик од Полска. Белгискиот ,,Умирање на сенката,, го доби старозлатниот проектор, а српскиот филм ,, Сомнежи и тајни,, на режисерот Желимир Гвардиол го доби специјалното признание за документарен филм.

nagradeni

Наградата за најдобар краток филм отиде кај македонскиот филм ,,Шумарот,, на Изер Алиу. Жарко Иванов од Македонија за ,,Кружно патување на сенката,, доби специјално признание за анимиран филм. Наградата Ѓорги Абаџиев за најдобро сценарио му беше доделена на Бранислав Милатовиќ од Црна Гора за филмот ,, Се тоа, а наградата Ацо Алексов ја доби авторката Елизабета Конеска за филмот ,,Нашите во Стамбол,,.

aster

За време на петте фестивалски дена на деветото издание на Астерфест беа прикажани над 50 филмови од автори од околу триесетина земји од целиот свет. Фестивалот завршува со проекции на наградените филмови.

bagradeni

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK